Вработените во ОУ Братство Единство охрид на ден 12.09.2011 година, одржаа вонреден Наставнички совет. На истиот беше разгледано писмото под наслов “Оценката на училиштето како повод“, кое на ден 07.09.2011 беше објавено во OhridNews од подносителот Милчо Лабоски – вработен во ОУ „Братсво Единство“.
Наставничкиот совет донесе одлука со која во целсот се оградува од изнесените искажувања од страна на подносителот, за кои што тврдиме дека се неосновани и невистинити и истите во целост ги демантираме со законски поткрепена документација.
ОУ „Братство Единство“ поседува официјална документација издадена од релевантни институции со која се потврдува целокупното легално работење на училиштето и ги прогласува за неосновани тврдењата од поединецот кој се обиде да ја изманипулира јавноста.
ОУ „Братсво Единство“ – Охрид и понатаму ќе продолжи да биде пример за воспитание и едукација на ученици и да го развива мултикултурниот соживот во училиштната средина и пошироко.
Оваа одлука е донесена едногласно од членовите на Наставничкиот совет со еден воздржан глас.
ОД ВРАБОТЕНИТЕ НА ОУ БРАТСВО ЕДИНСТВО ОХРИД
*
Ставовите изнесени во оваа рубрика се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.