Во реката Грашница, која се смета за еден од најголемите загадувачи на Охридското Езеро, секојдневно се испуштаат фекалните води од населбата Велгошти која има околу 5000 жители, како и отпадните води од голем број стопански објекти и фекалии од индивидуални и колективни згради, а во реката која во голем дел поминува низ населени места понираат и многу септички јами.
што се носи Грашница во Охридското Езеро?
Реката Грашница е најголемата црна точка во сливот на Охридското Езеро, вели Лазе Наумоски од еколошкото друштво “Грашница. “Ние баравме Грашница да се пренасочи во реката Даљан затоа што врши големо загадување од 3 и 4 степен на Охридскто Езеро и водата во пределот на населбите Даљан и Воска е неупотреблива за рекреација во текот на туристиочката сезона“, вели Наумоски. Реката Грашница постепено врши загадување плажите Канео и Сараиште и допира дури до самото пристаниште на Охрид, предупредува Наумоски.
Непречистените води завршуваат во езерото
Дислоцирањето на долниот тек на Грашница, која треба да се пренасочи во реката Коселаска, е предвидено уште со Генералниот урбанистички план – ГУП за Охрид од далечната 1973 година, а реализацијата на овој проект е предвидена и со новиот ГУП донесен мината година.
Според пресметките направени со првичниот план од 1985 година, за дислокација на коритото на Грашница се потребни 6,5 милиони евра, ни изјави Љубомир Чаулев, технички директор на МЈП “Проаква“. Охрид сам не може да ги обезбеди тие средства, дури и државата на овој план би имала големи тешкотии, затоа треба да се побара помош од меѓународната зедница како би го решиле најгорливиот урбанистички и комунален проблем во Охрид, смета Чаулев.
план има пари нема
Најголем предизвик во иднина е прашањето со дислокацијата на долниот тек на река Грашница во градскиот градежен дел на Охрид, вели Чаулев. Со пренасочувањето на долниот тек на Грашница во долниот тек на Коселска река би се избегнало поминување на течението низ населено место. Само така може да се постигне повисока заштита, бидејки ако имате течене низ некој реон на Охрид имате предуслови за некаков вид загадување од недговорен однос на граѓаните и злоупотреби, како што тоа денес се случува, предупредува Чаулев.
Љубомир Чаулев
Покрај Грашница сериозен проблем претставува и реката Сатеска која во Охридското Езеро носи големи количини токсини од употреба на вештачкото ѓубриво во Дебрца, како и реката Черава која се смета за најголем загадувач во албанскиот дел од езерото. Ниту една од реките кои се посочуваат за најголеми загадувачи на Охридското Езеро не е опфатена со колекторскиот систем.
Горан Момироски