Поладнево водата во реката Грашница е обоена во виолетова боја. Вознемирени граѓани бараат веднаш да се утврдат причините поради кои дошло до ваквата промена на бојата на реката која директно се влева во Охридското Eзеро.

На терен веднаш излезе Државниот инспектор за животна средина Игор Трајковски. Извршен е увид, и најавени се санкции за сторителот.

Извршен е увид на местото на настанот, случајот е евидентиран и ќе биде поднесена соодветна пријава против непознат сторител. Според првичните информации од увидот, најверојатно некој намерно истурил непозната течност во канализациониот систем.  – информира Државниот инспектор.

За случајот известен е и Центарот за јавно здравје, а анализите кои треба да следат, треба да утврдат за каква течност се работи и колку е таа опасна по животната средина и здравјето на луѓето.

OhridNews