Во источна Кина една река преку ноќ мистериозна станала крваво црвена боја. Жителите на провинцијата Зејианг велат дека реката изгледата нормално околу пет часот наутро по локално време. Еден час подоцна водата во неа станала темно црвена и почнала да се чувствува чудна миризба. Еден мештанин прокоментирал дека можеле да ловат риба бидејќи претходно водата била така чиста.
Инспекторите при бирото за заштита на животната средина велат дека не пронашле што е причината за овој случај, иако примероците на водата укажуваат на сомнителна боја која нелегално е испуштена во водата. Шефот на бирото рекол дека се сомневаат дека некој испуштил вештачка боја мислејќи дека тајфунот ќе донесе голема количина вода и никој нема да забележи. Долж реката се наоѓаат фабрика за хартија и фабрика за прозиводство на боја за облека и храна, кои би можеле да бидат виновници за фарбањето на реката.