Информацијата дека актерскиот пар Рајан Гослинг и Ева Мендез го очекуваат своето прво дете ја изненадила светската јавност, посебно поранешната девојка на популарниот актер Рејчел Мекадамс. Неа многу ја погодило сознанието дека нејзиниот поранешен чека дете со друга девојка, посебно дека сеуште имала надеж дека некогаш тие двајца ќе бидат заедно.
Извор близок до Рејчел открил дека била потполно разочарана со информацијата дека Ева е бремена. Сега знае дека нејзината врска со Рајан е завршена засекогаш, и навистина и било многу тешко. Таа одлучила да ја прекине врската со Рајан токму поради тоа што тој не бил сигурен дека сака деца, па оваа ситуација поради тоа многу повеќе ја погодила.