Во реприза на минатогодишното финале Бостон Селтик во мечот со Лос Анџелес Лејкерс, претрпе пораз, но тимот, а особено Реј Ален имаше причина за славје.

Реј Ален постигна само три тројки, но и две му беа доволни да го престигне Реџи Милер на вечната листа на тројкаши. Сега Ален е на чело со 2.562 постигнати тројки.


Реџи Милер кој веќе не игра, е втор со 2,560. Џејсон Кид соиграч на Предраг Стојаковиќ е трет со 1754 тројки. Четвртото место со 1719 тројки Пеџа го дели со Дејл Елис, но со оглед на тоа што Елис не настапува повеќе, се очекува Пеџа да биде осамен на оваа позиција веќе на првиот нареден меч.

По Стојаковиќ на листата тројкаши следуваат Чонси Билапс (Денвер 1.680), Рашард Луис (Вашингтон 1.667), Џејсон Тери (Далас 1.599)…

“извор Макфакс”
Ohridnews