Шпанскиот голман Пепе Реина е еден од многуте спортисти кои се заразија и излечија од коронавирусот. Чуварот на мрежата на Астон Вила отрки дека борбата била тешка и исцрпувачка и оти се уплашил после влошување на неговата здравствена состојба.
Не излегував 18 дена. Ми недостасуваше друштво, но тука беа сопругата и петте деца. Куќата е голема и немаше место за осаменост. После првите симптоми, се изолирав и немав контакт со никого. Лошење, главоболка која не престануваше и исцрпеност ми беа секојдневние. Најмногу се уплашив кога не можев да дишам. Таквите денови беа малку, но беа страшни. – изјави Реина.
37-годишниот голман во Астон Вила настапува како позајмен фудбалер од Милан. Шпанецот во кариерата бранеше за Барселона, Виљареал, Ливерпул, Наполи и Баерн Минхен.
OhridNews