Завршени се работите за рехабилитацијата на патниот правец Р29288 Вишни-Горна Белица-Вевчани, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
Потенцираат дека претпријатието посветено работи на рехабилитација на регионалните патни правци во руралните средини.
Рехабилитацијата е направена на дел со изработка на тампонски слој од дробен камен, како и асфалтен слој со должина од 3.800 метри со просечна ширина од 3,1 метар и потребни допонителни проширувања на одредени места, посочуваат.
Додаваат дека вредност на инвестицијата за рехабилитација на овој патен правец изнесува 22 милиони денари, а градежните работи ги изведе ЈП Македонијапат.
Н.С.Ј.
фото. ЈПДП