Земјотресот со јачина од 3,5 степени според Рихтер се случил во 10 часот и 11 минути по локално време, а епицентарот бил во Софија.
Засега нема информации за настрадани луѓе. Во моментот има пријави за паднати делови од фасади на неколку објекти во центарот на бугарската престолнина.
Синоќа, околу 2 часот и 45 минути, бил регистриран земјотрес со интензитет од 4 до 5 степени според европската макросеизмичка скала и во Штип.
Апаратите на сеизмолошката опсерваторија при природно-математичкиот факултет во Скопје регистрирале дека епицентарот на земјотресот бил во Штип.
извор: Makfaks