Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.473 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи со Ковид-19, од кои седум во Скопје и по еден во Прилеп, Тетово и Струга. Пријавени се две починати лица од: Гостивар (67г) и Тетово (62г) починати во болнички услови. Регистрирани сe 16 оздравени пациенти од кои десет од Тетово, Скопје и Гостивар  по двајца и од Прилеп и Штип  по еден, соопшти Министерството за здравство. Досега во земјата се направени вкупно 955.617 тестирања на Ковид-19.

 

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 156.086 бројката на оздравени пациенти е 150.295, на починати е 5.491, а на активни случаи изнесува 300.Во Охрид моментално се активни 6 случаи.

 

OhridNews