Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани првите 13 барања за азил во Република Македонија откако стапија на сила измените и дополнувањето на Законот за Азил и привремена заштита. Овие 13 барања се однесуваат на 17 лица од кои 13 возрасни и 4 деца. Сите лица се по потекло од Сирија на возраст од 19 до 57 години. Од нив 6-мина се мажи, а 7 се жени.
-Заклучно со 8 часот утринава, Министерството за внатрешни работи во изминатото деноноќие издаде 992 нови потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегуваат на нашата територија. Вклучувајќи ги и овие, во периодот од 19-ти јуни 2015 до 3-ти јули 2015 година, издадени се потврди на вкупно 7.386 странски државјани, од кои, 5.786 се од машки пол, 939 се од женски, 651 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште десет деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 4.863, потоа Авганистан-698, Ирак-440, Пакистан-337, Сомалија- 268, Конго-238, Палестина-195, додека останатите се во помал број, стои во соопштението на МВР.
Оттаму информираат дека вчера до 17 часот, 3 мобилни екипи на Црвениот крст укажале прва помош на околу 360 лица на железничките станици во Гевгелија и Табановце и тоа околу 200 интервенции на лицата во Гевгелија и околу 120 интервенции на лицата во Табановце.
-Дистрибуирани се 360 шишиња вода и 8 пакувања пелени на граничен премин и 54 шишинња на железничката станица во Гевгелија. Реализиран е транспорт на 2 деца и 3 возрасни лица до Општата болница во Гевгелија. По укажаната медицинска помош, лицата се вратени на железничката станица. Во текот на денот од страна на Министерството за здравство извршена е дезинфекција во Куманово на 800м2 вагони и 100м2 чекална и перон, потоа дезинфекција на вагони Табановце од 400м2, дезинфекција во Скопје на 800м2 вагони и дезинфекција во Гевгелија на 1300м2 површина на железничката станица и автобуската станица, соопштуваат од МВР.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 3-ти јули 2015 година се евидентирани вкупно 44 барател на азил, од кои 28 баратели на азил се мажи, 10 баратели на азил се жени и 6 баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател.
OhridNews