Регистрирани 378 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 118, Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово – 18, Струмица – 16, Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2, Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод – по 1.

Според епидемиолошки анализи во моментов во Охрид има 27 активни случаи.

Регистрирани сe 25 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Тетово – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар и Кавадарци – по 1. Пријавено е едно починато лице од Скопје (71г). Починатo е во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 1.012.809 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 157.627, бројот на оздравени пациенти е 150.506, на починати е 5.503, а на активни случаи изнесува 1.618, од кои 27 во Охрид.

OhridNews