Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2596 тестирања, при што се регистрирани 367 нови случаи со Ковид-19. Во исто време, пријавени се пет починати пациенти, а оздравени се 202 лица.

Од вкупниот број новорегистрирани болни од Ковид-19 до Скопје се 167, Прилеп – 37, Кавадарци – 33, Охрид – 17, Велес – 15, Куманово и Тетово – по 14, Гостивар и Неготино – по 12, Штип и Гевгелија – по 7, Битола – 6, Струга и Кратово по – 4, Струмица и Ресен – по 3, Кочани, Делчево, Пробиштип и Крушево – по 2, Кичево, Крива Паланка, Берово и Валандово – по 1.

Од петмината починати пациенти, двајца се од Скопје (91г и 83г) и по еден смртен случај е пријавен од Гостивар (77г), Крива Паланка (40г) и Демир Хисар (65г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Во моментов во Охрид има 369 активни случаи, а во Струга 163.

OhridNews