Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Во Охрид има 18 новодијагностицирани, каде во моментов има 250 активни случаи.
Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, во Струмица-80, и во Куманово-69. Во Дебар регистрирани се нови 9,случаи на Ковид-19, во Штип-39, Прилеп-60, Тетово-62, Струга-14, Велес-50, Битола-28, Кавадарци-20, Гостивар-35, Гевгелија-29, Крива Паланка-10, Радовиш-9, Крушево-3, Кочани-13, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-6, Виница-4, Делчево-10, Кратово-4, Свети Николе-5, Кичево-30, Ресен-4, Неготино-12.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 283 оздравени пациенти.
Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца пациенти од Тетово (87 и 77г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден пациент од Гостивар (65г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31572, бројката на оздравени пациенти е 20731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9847.
OhridNews