Во последните 24 часа се направени 1.562 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 164, Прилеп – 34, Куманово – 16, Кавадарци и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гостивар – 10, Охрид – 9, Велес – 8, Гевгелија – 7, Штип – 6, Струмица, Струга и Кочани – по 5, Виница и Богданци – по 2, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Радовиш – по 1, соопштија од Министерството за здравство.

Од МЗ информираа дека регистрирани се 681 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 11 починати лица, четврица пациенти од Скопје (76, 81г, 79г,62г), по двајца пациенти од Прилеп (77г, 66г) и Крушево (55г, 76г) и по еден пациент од Штип (65г), Битола (85г) и Охрид (59г). Сите единаесет пациенти се починати во болнички услови.

Во моментов во Охрид има 440 активни случаи, а во Струга 175.

OhridNews