Во изминативе 24 часа се регистрирани нови 328 случаи на КОВИД-19, од направени 2535 тестови. Починало едно лице, а дополнително се пријавени три починати лица во период од 9 март до 12 март. Како што информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, оздравени се 237 пациенти.
Нови случаи се регистрирани во Скопје – 179, Прилеп – 21, Битола и Кавадарци – по 17, Куманово и Велес – по 10, Охрид и Кичево – по 9, Ресен – 7, Штип – 6, Гостивар, Струга и Радовиш – по 5, Гевгелија и Валандово – по 4, Тетово и Кочани – по 3, Струмица, Неготино и Свети Николе – по 2, Крива Паланка, Дебар, Берово, Виница, Пробиштип ,Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на нови позитивни, регистрирани се 65 реинфекциии.
Регистрирани сe 237 оздравени пациенти од: Скопје – 131, Битола – 14, Прилеп – 13, Кавадарци – 12, Куманово и Велес – по 10, Тетово – 8, Охрид и Кичево – по 5, Ресен, Гевгелија, Кочани, Неготино и Дебар – по 3, Штип, Гостивар, Крива Паланка, Виница и Богданци – по 2, Радовиш, Валандово, Струмица и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистриран е едно починато лице: од Кичево (58г), починато во болнички услови.
Во Охрид до сега се регистрирани 8609 инфекции со Ковид 19, а во моментов активни се 72 случаи.
OhridNews