Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, од кои 49 во Охрид. Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, а починаа 22 пациенти соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број новодијагностицирани пациенти во Скопје се 479, Прилеп 84, Битола 83, Гостивар 63, Велес 59, Тетово 58, Куманово и Струга по 52, Штип 45, Кавадарци 42, Гевгелија и Кочани по 33, Кичево 31, Струмица 29, Делчево 22, Дебар 20, Неготино 18, Свети Николе и Ресен по 13, Крива Паланка и Радовиш по 12, Пробиштип-10, Кратово 7, Крушево-5, Берово, Валандово и Виница по 4 и Демир Хисар, Македонски Брод и Пехчево по 2.

Меѓу регистрираните 679 оздравени пациенти од Охрид се 29.

Од починати 22 лица, седум пациенти се од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79г), по двајца од Штип (81 и 78г) и од Велес (72 и 73г) и по еден од Куманово (79г), Струга (77г), Охрид (87г), Гостивар (71г), Струмица (67г), Крушево (71г) и Берово (86г). Од нив еден пациент е починат вон, а останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата  изнесува 1718, а во моментов активни се 594. Во Струга до сега се регистрирани 1559 ковид позитивни, а активни се 466 случаи.

OhridNews