Во последните 24 часа се направени 3.283 тестирања, при што се регистрирани 449 нови случаи на Ковид-19. Во исто време регистрирани се 227 оздравени пациенти, а починале 10 лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број нови случаи на Ковид-19 во Скопје се 170, Прилеп 55, Кавадарци 35, Гевгелија 23, Тетово 19, Охрид и Куманово по 17, Битола и Неготино по 16, Велес 10, Струга 8, Струмица и Ресен по 7, Гостивар 6, Штип, Делчево и Богданци по 5, Крива Паланка, Берово и Кратово по 4, Пробиштип и Демир Капија по 3, Кичево, Дебар, Валандово и Крушево по 2 и Кочани и Радовиш по 1.

Од пријавените 10 починати пациенти 3 се од Скопје (83г, 79г, 65г) и по еден од Тетово (72г), Куманово (71г), Прилеп (79г), Велес (84г), Охрид (58г), Кавадарци (65г) и Делчево (75г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Во моментов во Охрид има 392 активни случаи, а во Струга,  173.

OhridNews