Во последните 24 часа, во земјава се направени 3.143 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 20, Кичево – 4, Велес – 3, Тетово и Виница – по 2, Куманово, Струмица, Кочани, Свети Николе, Радовиш и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица од кои три од Битола (70г, 71г и 79г), по две лица од Скопје (64г и 75г), Куманово (61г и 78г), Тетово (58г и 60г) и Прилеп (63г и 69г) и по едно лице од Струга (83г), Гостивар (66г), Велес (73г) и Штип (60г). Од пријавените, три лица се починати во домашни, а останатите 12 во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 69 оздравени пациенти од: Битола – 15, Скопје – 13, Струга – 6, Кичево – 5, Куманово – 4, Охрид – 3, Виница, Свети Николе, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија и Ресен – по 2, Велес, Тетово, Струмица, Кочани, Радовиш, Македонска Каменица, Прилеп, Неготино, Делчево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Во моментов во Охрид има 186 активни случаи.

OhridNews