Според податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.820 тестирања, при што се регистрирани 365 нови случаи на КОВИД-19, како и 594 оздравени пациенти и 37 починати лица, од кои 10 починале во период од 15 до 25 април 2021 година.

Од вкупниот број новорегистирани заболени од Ковид-19 од Скопје се 166, Куманово 27, Битола 19, Струмица 17, од Прилеп и Велес по 15, Кавадарци 12, Тетово 11, Кичево 10, од Охрид, Свети Николе и Виница по 9, Штип 8, Ресен 6, Гостивар 5, Струга 4, од Кочани, Берово и Македонска Каменица по 3, Крива Паланка, Радовиш и Дебар по 2 и по еден новозаболен има во Неготино, Делчево, Пробиштип, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Пехчево.

Од регистрираните 594 оздравени пациенти од Скопје се 240, Битола 42, Куманово и Велес по 39, Прилеп и Гевгелија по 26, Гостивар и Струмица по 23, Штип 20, Кочани 15, Берово 14, Тетово 13, Охрид 12, Кичево 10, Свети Николе 8, Делчево 7, Ресен, Дебар, Виница и Македонски Брод по 5, Валандово и Богданци по 3, Струга, Радовиш, Пехчево и Дојран по 2 и Пробиштип, Демир Капија и Македонска Каменица по 1.

Од пријавените вкупно 37 починати лица, 11 се од Скопје (50г, 54г, 57г , 58г, 71г, 74г, 82г, 84г, 85г, 87г, 89г ), 8 лица од Струмица (63г,64г, 66г,70г, 71г,76г,76г и 79г), 4 лица од Битола (67г, 74г, 82г и 88г), по 3 лица од Тетово (56г, 60г и 67г) и Штип (63г, 72г и 77г), по 2 лица од Куманово (75г и 79г), Кавадарци (64г и 73г), и Кочани (77г и 88г), и по едно починато лице од Прилеп (82г), и Свети Николе (58г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 34 се починати во болнички услови. Во вкупната бројка се пријавени и 10 пациенти кои се починати во период од 15 до 25 април 2021 година.

Во моментов во Охрид има 464 активни случаи, а во Струга 160.

OhridNews