Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа не е починат ниту еден пациент од Ковид-19. Од направени 3.569 тестирања, регистрирани се 36 нови случаи и 12 оздравени пациенти.
Од новорегистрираните 36, од Куманово се 15, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2, Прилеп, Велес, Штип, Струмица ,Кочани и Кичево – по 1.
Од регистрираните 12 оздравени пациенти, од Тетово се 5, Скопје – 4, Битола – 2 и Свети Николе – 1.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.017, бројката на оздравени пациенти е 150.263, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 265, од кои 4 во Охрид.
OhridNews