Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2291 тестирања, а регистрирани се 350 нови случаи на коронавирусот. Пријавени се вкупно 20 починати лица од кои 14 од Клиниката „Жан Митрев“, кои починале во периодот од 4 до 30 јануари оваа година и шест пациенти починати во текот на вчерашниот ден. Регистрирани се 266 оздравени пациенти.

Од новозаразените 350 , од Скопје се 180, Кавадарци – 24, Велес – 19, Куманово – 14, Тетово – 14, Гевгелија – 12, Охрид – 8, Гостивар, Струмица и Делчево – по 7, Прилеп, Струга, Кочани, Неготино и Радовиш – по 6, Штип и Демир Капија – по 5, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Битола, Берово и Демир Хисар – по 2, Кичево, Дебар, Ресен, Пробиштип, Виница и Кратово – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 461.850 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.510, бројката на оздравени пациенти е 82.786, на починати е 2.893, а бројот на активни случаи изнесува 7.831.

Во Охрид во моментов има 397 активни случаи.

OhridNews