Во последните 24 часа се направени 2667 тестирања на Ковид-19, при што се регистрирани 978 нови случаи, од кои 31 во Охрид, каде починаа 3 лица. Во исто време, Институтот за јавно здравје на ниво на целата држава регистрира 24 оздравени пациенти, додека починале 26 лица инфицирани со Ковид-19.
Како што соопшти Министерството за здравство од вкупниот број новиинфицирани од Скопје се 392, Тетово-95, Куманово-51, Гостивар-49, Велес-48, Битола-36, Кочани-32, Охрид-31, Прилеп-29, Кавадарци-22, Струмица-21, Кичево-20, Штип-18, Гевгелија-14, Неготино-14, Виница-12, Делчево-12, Струга-10, Берово-9, Крива Паланка-8, Пробиштип-8, Свети Николе-8, Ресен-8, Демир Хисар-6, Дебар-6, Кратово-6, Радовиш-6, Валандово-3, Крушево-2 и Македонски Брод и Пехчево по 1.
Од вкупно 24-те оздравени пациенти девет се од Скопје, пет од Штип, четири од Битола, по две од Куманово и Ресен и по еден од Кавадарци и Виница.
Од починатите 26 лица, по четворица пациенти се од Скопје (69, 88, 83 и 60г), од Прилеп (66, 76,77 и 57г ) и од Тетово (50, 67, 78 и 63г), тројца од Охрид (57, 71 и 57г), по двајца од Велес (79 и 73г) и од Битола (72 и 84г) и по еден од Куманово (58г), Штип (83г), Струга (82г), Гевгелија (87г), Струмица (67г), Кочани (70г) и од Делчево (49г). Од нив, освен тројца пациенти, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 953, а бројот на активни случаи изнесува 423.
OhridNews