Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.866 тестирања, при што се регистрирани се 26 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани сe и осум оздравени пациенти, а нема починати, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број новорегистрирани случаи на Ковид19 од Скопје се 13, од Тетово 5, од Гостивар 3, Кичево 2 и од Куманово, Прилеп и Штип по 1. Од осумтемина оздравени пациенти тројца се од Струмица, по двајца од Куманово и Тетово и еден од Скопје.

Бројот на на активни случаи во земјава изнесува 225, од кои 11 во Охрид.

OhridNews