Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи со Ковид-19 од: Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1.
Регистрирани се две починати лица: од Скопје (80г) и Куманово (73г). Пациентите се починати во болнички услови. Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово -5, Тетово – 2 и Кичево – 1, соопшти Министерството за здравство.
Во моментов во Охрид има 24 активни случаи, а во Струга 4.
OhridNews