Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови, нови 7 случаи има во Скопје и пет во Куманово. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица.

Според местото на живеење, досега евидентирани случаи на КОВИД-19 има 88 во Скопје, 40 во Дебар, 8 во Куманово, 7 во Штип, 2 во Кавадарци, 2 во Охрид и еден случај во Гостивар.

Поради собирање на податоците до 12:00 часот, деталниот извештај ќе се објавува секој ден во периодот од 12:00 до 13:00 часот.

OhridNews