Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2192 тестирања, а од новите регистрирани се 396 случаи од кои 11 во Охрид и 9 во Струга. Најголем број се во Скопје 198, Прилеп 14, Тетово 18, Велес 13, во Битола 14…

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 442 оздравени пациенти.

Како што стои во соопштението од МЗ, починати се 15 лица, четири пациенти од Скопје (82, 70, 85 и 75г), еден од Куманово (60г), еден од Велес (62г), еден од Охрид (61г), три пациенти од Кавадарци (77, 90 и 51г), три од Гостивар (73, 67 и 33г) и два од Виница (54 и 83г). Од нив двајца се починати вон, останатите во болнички услови.

Во Охрид во моментов има 425 активни случаи, а во Струга 185.

OhridNews