Нови 305 случаи на ковид-19 од направени 2.533 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Оздравени се 167 пациенти, а починале 11 лицa, соопшти Министерството за здравство.
Најмногу нови случаи има во Скопје 153, Кавадарци – 30, Куманово –22, Прилеп – 21, Тетово – 18, Неготино – 14, Охрид – 11, Гостивар и Гевгелија – по 6, Струга – 5, Штип и Битола – по 4, Ресен – 3, Велес и Делчево – по 2, Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1.
Од регистрираните 167 оздравени пациенти, о1 е од Охрид.
Во моментов во Охрид има 436 активни случаи, а во Струга 187.
OhridNews