Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, утринава 9.11.2024 година во 5 часот и 56 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 87 km југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Дебрца-Плакенска Планина,

Земјотресот, како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.8.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Демир Хисар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

OhridNews

фото. Сеизмолошката опсерваторија