Регистриран првиот случај на вирус од западно нилска треска, кај 6 годишно дете од Скопје, кое моментално се наоѓа на Клиниката за инфективни болести и е надвор од животна опасност.

Вирусот се пренесува единствено преку каснување од тигрест комарец и не може да се пренесе од човек на човек.

Од министерството за здравство информираат дека нема место за паника, и дека нивните служби се екипирани и располагаат со потребните реагенси за повлекување и спречување на вирусот.

Симптомите на оваа болест се главоболка, покачена температура, болки во зглобовите и изнемоштеност.

Најголем број регистрирани случаи има во Америка, како и во Грција, Косово и Албанија.

OhridNews