Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е еден нов случај со Ковид-19 од Куманово.
Пријавени се вкупно тројца починати пациенти од кои по еден од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Регистрирани се 204 оздравени пациенти од: Скопје – 77, Куманово – 25, Охрид – 19, Битола – 11, Струмица – 9, Тетово и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Гостивар, Штип и Струга – по 5, Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3, Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Македонска Каменица – по 1.
Во моментов во Охрид има 19 активни случаи, а во Струга 8.
OhridNews