Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 678 тестирања, а регистриран е 61 случај со Ковид-19, од кои најмногу во Скопје – 35, по што следи Кавадарци со седум нови случаи. По три новозаболени има во Тетово, Прилеп и во Штип, по два во Охрид, Струга и Кочани, а по еден во Куманово, Гостивар, Велес и во Крива Паланка.

Починати се 11 пациенти од кои шест од Скопје (83, 83, 82, 81, 73 и 67г), двајца од Гостивар ( 60 и 61г ) и по еден од Охрид (83г), Струмица (75г) и Тетово (77г). Сите 11 пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Во монетов во Охрид има 371 активен случај, а во Струга 161.

OhridNews