Катастарот планира во следните две години да реализира и да изработи Регистар на цени на недвижности што ќе им помогне на граѓаните да знаат приближно како се движат цените во одреден кварт во Скопје, но и во сите други градови во Македонија. 

„Регистар на цените на недвижности што ќе го воспостави Катастарот за период од околу две години ќе им помогне многу и на граѓаните и на компаниите за одредување точни цени на станови, куќи и друг вид земјиште во различни делови на Скопје и на другите градови во Македонија“, изјави во четвртокот премиерот Никола Груевски, при посетата на Катастарот.

Според Груевски, ова ќе помогне и за реално прибирање на даноци од страна на општините, за разни статистички операции на Државниот завод за статистика, Централната банка и друго.

„Ќе помогне за граѓаните да знаат отприлика во кој кварт, во кој дел на одреден град како се движат цените и за тие што продаваат и за тие што купуваат. Ќе има и други бенефити. Ваков регистар веќе е воспоставен во најголем дел од развиените западни држави и дава одлични резултати“, изјави Груевски.

OhridNews

Извор: „Макфакс“