Поради санација на мостот  во близина на селото Ростуше и манастирот „Свети Јован Бигорски“денеска  ќе биде затворен регионалниот пат Дебар – Маврово.

Патот како што информираат од Македонија пат, ќе биде затворен од 10 до 16 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочен кон Струга.

Овој зафат е во рамките на проектот за проширување и реконструкција на делницата Бошков Мост – Жировница во што ќе бидат инвестирани 4,5 милиони евра. Со реконструкцијата патниот правец што досега беше во лоша состојба се проширува од пет на шест, а на одделни места и на девет метри.

Ohridnews