Охрид, наскоро, преку Регионалниот центар за средно стручно образование и обука „Ванчо Питошески” ќе влезе во друштвото на најдобрите од земјите на поранешната Југословенска федерација, но и ЈИ Европа, кога е во прашање средното стручно образование на кадри во туризмот и угостителството.
Имено, со разбирањето и помошта на Владата на Република Северна Македонија, преку ресорното министерство (МОН), Регионалниот центар за средно стручно образование „Ванчо Питошески”, во кој се образуваат кадри од југо-западниот регион на земјата, но и од Албанија, главно, од регионите со етничко македонско население, преминува во современ сместувачко – образовен капацитет со завидни димензии и капацитети.
Центарот, добива, практично, хотелски комплекс од 120 легла во трикреветни соби, во кои, во текот на училишната сезона, ќе бидат сместени дел од учениците, нешто над 230, додека преку лето, ќе може да се примаат и гости, опслужувани од самите ученици и вработените, со што ќе ја обавуваат и практичната настава.
Комплексот распога, уште, и со ресторан од 200 седишта, Кабинет за готварство, Работилница за готварство, посебни кабинети за послужување, со функција и на конференциска сала, како и сала за презентација.
Во функција ќе биде и новиот Кабинет за хотелско и туристичко работење, заедно со десетината современо уредени училници. Истовремено, Центарот, ќе ги задоволува и потребите за активно спортување, со игралишта за кошарка , ракомет и мал фудбал, како и посебното надворешно фитнес – катче за рекреација.
Моментно, се вршат последните работи на надворешниот простор, кој ќе изобилува со цветни алеи и тревни површини, простран осветлен паркинг простор и други содржини.
Некогаш, охридските угостителско – туристички работници го стекнуваа образованието во центрите на хрватското приморје, како Опатија, Дубровник, Сплит и Риека. Сега, охридскиот и македонски Регионалниот центар за средно стручно образование „Ванчо Питошески” е на нивно рамниште и во нивно друштво.
OhridNews