Министерството за одбрана на Република Македонија ќе биде домаќин на Регионалната Конференција за Европска безбедносна и одбранбена политика (ЕБОП) која денес и утре ќе се одржи во Охрид.

Овој важен настан, прв од ваков вид во Регионот, ќе обедини претставници од земјите ЕУ кандидати и потенцијалните земји кандидати од Регионот, земјите членки на Европската Унија, претставници на Европската Унија во земјата и од Брисел, како и претставници на ЕУ Претседателството со Европската Унија.

Домаќин на Регионалната ЕБОП Конференција во Охрид ќе биде Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Коњановски. На Регионалната ЕБОП Конференција во Охрид, покрај високи делегации од преку 20 земји од Регионот и Европа, ќе присуствуваат и Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Државниот потсекретар за одбрана на Италија, замениците министри за одбрана на Албанија, Црна Гора и Србија, делегации од земји членки на Европската Унија и Регионот, Специјалниот претставник на Европската Унија во земјата Амбасадорот Фуере, голем број странски дипломатски претставници во земјата, како и највисоки претставници од одбраната, надворешните работи и академската јавност на Република Македонија.

Според Министерството за одбрана, Регионалната ЕБОП Конференција во Охрид ќе овозможи размена на гледишта околу теми кои претставуваат предизвик, како што се сегашноста и иднината на Европската бедбедносна и нејзината одбрамбена  политика.

Ohridnews