“Улогата на економско- социјалните совети во време на криза ”е темата на регионалната конференција, што денеска и утре ќе се одржи во Охрид, во организација на Меѓународната организација на трудот.
На конференцијата се предвидени и три панел сесии посветени на предизвиците за функционирањето на социјалниот дијалог, улогата на Економско социјалните совети во време на криза, како и родовата балансираност во телата на трипартитен социјален дијалог.
Конференцијата ќе ја отвори директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Марк Левин и министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами.
На средбата ќе присуствуваат делегации од единаесет земји, составени од министри за труд, државни секретари за труд, како и претседатели на синдикати и претседатели на организации на работодавачи.