Од денес до 13 јуни, Охрид ќе биде домаќин на Регионалната конференција на уставните судови.

Темата на која учесниците ќе расправаат е “ Независност на уставните судови” .

На конференцијата се очекува свое обраќање да има и Претседателот на Европскиот суд за човекови права, Жан Пол Коста, кој денес престојува во официјална посета на Македонија.

Според најавите, Жан Пол Коста ќе оствари и средба со  Министерот за правда на РМ , Михајло Маневски. 

Ohridnews