Првата  конференција Coffee & Cookies заедно со „Setra & FUJITSU“ се одржа вчера во Скопје. Организатор на настанот беше „Setra“, компанија која е присутна 10 години со продажба на најновите информатички компјутерски технологии на пазарот и воедно долгогодишен FUJITSU партнер.

Директор на FUJITSU за Балкан,  Габриел Павел, заедно со стручни претставници на компанијата и „Setra“  ги презентираа најновите технолошки достигнувања на FUJITSU во PRIMERGY сервери, ETERNUS уреди за складирање податоци и CELSIUS работни станици.

– Можам да кажам дека гледам голем потенцијал на овој пазар за млади луѓе заинтересирани за употреба на нашите најнови компјутерски технологии, а подоцна тие создаваат брилијантни софтверски решенија. Нашата компанија константно работи на развојот на новите технологии, во фокус ни се хардверските решенија  и имаме неверојатен напредок во изминатите 15 години, објасни Павел.

 

За време на настанот се одржа и работилница на која гости беа сертифицирани предавачи од „Аутодеск Македонија“ тренинг центарот (КУМЕВ БРОТХЕРС ПРОДУКЦИЈА – Авторизиран Тренинг Центар на АУТОДЕСК за Македнија, Србија и Косово), каде со помош на моќната „FUJITSU CELSIUS“ графичка станица присутните гости можеа да ги проследат најновите 3D CAD технологии во живо.

OhridNews