СВР  Охрид поднесе кривична пријава против Б.С.(52), референт-дактилограф во Извршно одделение при Основен суд Охрид и М.К.(53) судски соработник во истиот суд за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа в.в. со „соизвршителство“ и против  А.Б.(35) директор во ДООЕЛ „Диструбутивни трансформатори“ за сторени кривични дела „злоупотреба на службената поллоожба и овластување“  и „оштетување на туѓи права“.

Како што соопшти МВР, Во текот на 2007 година група вработени во „ЕМО трансформатори“ ја тужеле фирмата за неисплатени плати и придонеси, по што од страна на извршител 14 трансформатори биле заложени се додека не им бидат исплатени нивните плати. По поднесен приговор од страна на „ЕМО трансформатори“ до Основен суд  од страна на Б.С. и М.К.  на 29.10.2007 година е изготвено Решение без потпис од надлежниот судија со кое се усвојува приговорот на „ЕМО трансформатори“. По ова, А.Б. шест од трансформаторите ги продал на ЕМО Комерц Охрид, по што истиот ден  се продадени на АД „ЕСМ ЕВН “Скопје за износ од 4.989.677 денари. На 01.11.2007 година, од страна на Основен суд Охрид е донесено уште едно Решение, но овој пат истото било валидно односно заверено со потис и печат и со истото се одбива приговорот на „ЕМО трансформатори“.

Ohridnews
извор: МВР