Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ во просториите на Црвен крст-Охрид одржа редовно собрание на кое беше презентиран извештајот за работата од минатата година и план за оваа година која ќе изобилува со спортски настани.
Главен акцент Асоцијацијата ќе стави на атлетскиот викенд Охрид ТрчаТ кој ќе се одржи во првиот викенд од јуни месец и Балканското првенство во Триатлон кое на програмата ќе биде во септември месец.
Активностите во 2018 година „Спорт за сите-сите за Спорт“ ги започна со успешно организираниот Зимски детски камп во Банско.
OhridNews