На собранието кое е прво од ваков карактер по вондредното минатата година, беа изнесени финасискиот Извештај за работата на ЕФМ во 2007 год, финансов извештај за 2007 год како и Програмата за работа на ЕФМ за 2008 год. По бурната расправијата следуваше усвојување на извештајот .

Во планот за наредната година клубовите побараа од федерацијата да се заложи за напредување на едриличарите од класата Оптимист во класата Ласер, како и развивање на ердењето во другите класи.

И во оваа Олимписка година едриличарите се се` уште далеку од олимписките игри. Проблемот е од финанскиска природа истакна преседателот на федерацијата Димитар Поп Стефанија.

Редовното собрание заврши со потврдата за приемот на членството на ЕК Сирма во ЕФМ како полноправен член а како  придружен член примен е Јахтинг клубот Пампур од Скопје.

М.Постоловски