Редовните кратки прошетки ќе ве спасат од последиците од долготрајното седење, покажало истражување на научници од Универзитетот Индијана.
Но, морате да бидете вредни, велат тие, бидејќи после секој час седење треба да прошетате барем пет минути за да спречите оштетување на артериите на нозете и да го намалите ризикот за болести на срцето и крвните садови.
Веќе е добро познато дека долготрајното седење ја покачува концентрацијата на лошиот холестерол во крвта и го зголемува обемот на половината, а сега е докажано и дека само еден час седење ја редуцира функцијата на феморалната артерија за дури 50%.
Затоа, секој час во канцеларија станете и заобиколете ги колегите, без разлика на големината на канцеларијата, бидејќи на тој начин спречувате сериозни здравствени проблеми.
извор:metro-portal.hr