Ждребот за редоследот на кандидатите за градоначалник на Охрид на гласачкото ливче, ќе се одржи денеска.

Во определениот законскиот рок  до Општинскиата изборна комисија беа поднесени 6 кандидатури за градоначалник, сите од политичките партии.

СДСМ на изборите ќе настапи со актуелниот градоначалник Александар Петрески, предлог на ВМРО ДПМНЕ е Кирил Трендафилов – Нанче, НСДП – Ацо Попоски, ЛДП – Боро Павлоски, ВМРО НП – Томе Гиноски и Нова демократија – Васви Доко.

Ohridnews