Овој син дијамант, помал од паричка, продаден е за рекордни 9,5 милиони долари во Женева. Дијамантот има 7,03 карати, а е пронајден во Јужна Африка минатата година. Колку е дијамантот редок кажува и фактот дека во рудникот годишно минираат два до три тони карпи, а се среќни ако најдат еден до два сини дијаманти.
За оние кои бараат нешто што го нема никој, или за оние што сакаат нешто многу ретко и убаво синиот дијамант е вистинското решение. Стариот рекорд го држел 3,73 каратен дијамант кој бил продаден на аукција минатата година за околу пет милиони долари.