Една жена од Калифорнија ја чистела својата гаража после смртта на сопругот и донела полни кутии со неговите стари електронски апарати во центар за рециклирање. За да избегне плаќање на данок, таа кутиите само ги оставила и побегнала. Ова не е нешто невообичаено во центарот за рециклирање во Силиконската долина. Но, кога директорот Виктор Гицун видел што се наоѓа во една од кутиите, не можел да верува. Во прашање е првиот Ејпл компјутер, прототип направен во 1976 година.
Вакви компјутери има само 200 на светот, а ги направиле Стив Џобс, Стив Вознијак и Рон Вејн. Директорот на центарот за рециклирање го ставил компјутерот на аукција со почетна цена од 200 илјади долари. Бидејќи политиката на компанијата така налага, тие сакаат да ги поделат парите со госпоѓата која го донела компјутерот. Виктор ја повикал жената да се врати во центарот и да земе пари, а како што вели, одлично се сеќава на нејзиниот лик, така да нема шанси некој да дојде и лажно да се претстави како неа.