Експедицијата која ја водат биолозите Крег Тарнер и Џејмс Соер во џунглите на севрниот дел на островот Негрос на Филипините открила дека екстремно ретката врста елени, позната како Висајанов или пегаст Филипински елен сепак не изумрела.
Трагите на песочните брегови и специфичниот измет им значат доволно, иако елените сеуште не ги виделе. Според подрачјата на кои се задржуваат истражувачите проценуваат дека таму живеат околу триста грла. Островот Негрос е резерват на биоразновидност, но тоа не помогнало да се одржи врстата која уште во 1991 година била на 5 % од својата природна бројност и се сметало дека изумрела.