Кон крајот на овој месец на аукција во Хонг Конг ќе се најде многу редок виолетов дијамант. Реткиот дијамант би можел да достигне цена помеѓу 8 и 12 милиони долари. Овој дијамант го красат дури 12,04 карати, а деновиве бил изложен за јавноста.
Виолетовиот дијамант бил посебен по својата боја и по совршениот тркалезен рез, рекле од аукциската куќа Кристи. Ова е прв пат ваков дијамант да се најде на аукција, а тој е само еден од 300 парчиња кои ќе се најдат на истата аукција. на истата аукција ќе се најде уште еден дијамант од11,85 карати, кој исто така би можел да достигне висока цена, помеѓу 1,7 и 2,5 милиони долари, а за сите 300 дијаманти се надеваат на износ од неверојатни 76 милиони долари.