Изминатиов викенд во зоолошката градина во близина на Тел Авив бил роден примерок од ретка врста носорог. Нета Гета, која во зоолошката се грижи за африканските животни, рекла дека бебето носорог се машко и било родено во петокот без проблеми. Приновата сеуште немала име.
Мајката имала 20 години и се викала Танда, тешка била два тонаи пристигнала од Јужна Африка. Таа веќе еднаш се породила во зоолошката градина каде пристигнала пред шест години. Белиот носорог е загрозена врста. Ширум светот има помалку од 10 илјади примероци, а ловокрадците ги убиваат поради роговите, кои ги продаваат во Азија, каде се верува дека лекуваат од разни болести.