– Неверојатен дострел направивме елиминирајќи го Милан во чии редови играат фудбалери од светска класа како Пато, Ибрахимович, Сидорф. “Росонерите“ дојдоа да не покорат но за нас све испадна како што треба. Ова е голем ден за фудбалерите, навивачите ако има некој што не би се радувал на ваков успех тој “нема абер“ од фудбал – смета Хари Реднап.
Менаџерот на “петлите“, Хари Реднап се осврна на натпреварот кој помина во теренска надмоќност на Милан. Тие направија све што можеа да го совладаат Гомес а ние се трудевме да ја зачуваме нашата мрежа и успеавме затоа сме во најдобрите осум во Лигата на Шампиони.
На прашањето кој тим го посакува во 1/4 финалето менаџерот на Тотенхем рече: Сите освен “машинеријата“ Барселона.